СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

95. На чистина

Еве ме на чистина,
ближни и богови,
кренат на нозе
и со крената глава
по многу беспаќа
што успеав како човек
да ги надминам.

Дојдов да ве соберам
околу огон неугаснат,
многувековен,
што ќе ви стопли снага
и ќе ви поврати
јунаство;
пред да продолжите
незапирно
да гоните нови
мразнини зад мрачнини
затскриени.

И заедно, сплотени,
до ново изгрејсонце
да го играме танцот
на длабоките корени
на достојноста
што длабат во свеста
животворна.

Дека треба уште
да се докажуваме
како доследни
и непоколебливи.

Leave the first comment