ПРИРОДНА СОСТОЈБА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

30. Во некоја доба

Во некоја доба на ден
или ноќ
снеможен човек посакува
да се крене на нозе,
да се исправи пред
секој што се обидува
да го остави
без  своја сенка,
па да продолжи кон
единствена животна цел
како затврдување
на своја лична,
на своја самосвесна,
на неприкосновена,
слободна, самобитна
и громогласна песна
до небо од срце.

Во некоја доба на година
или век
снеможена сенка на човек
со жива рана на срцето
се вкоренила
на пустошна земја,
та одвај заживеала,
та одвај преживеала
како камен, како дрво,
како билка, како пиреј,
и почнала да виши
пркосејќи му на свет
обневиден
од страсти победоносни
и страданија невернички.

Leave the first comment