23. Немир
Сешто се случи
денеска.
Но што утре
со мене
или со кој било
пред мене?
Може да се случи
наеднаш
камења и стени
да се стркалаат
од врв на кој
се искачив сам
без кој било
во мене?
Секако ќе се случи
зрак сончевина
во мрачнина,
откако ќе мине
туѓинска војска
низ пустошен
простор временен,
со гробови празни
на безимени.
А ако не се случи
ништо неизвесно?
Ако се случи сешто
како денеска?
Можен ли е немиров
потоа?