Доаѓа новинар на Кавказ зашто чул дека таму живее најдолговечниот човек. Го наоѓа и го прашува кој е неговиот рецепт за долг живот:
-Дали сте држеле некоја диета?
-Не, јадев умерено.
-А пијалок?
-Пиев умерено.
-Пушење?
-Умерено.
-Па како тогаш сте доживеале толку длабока старост?
-Никогаш никому и на ништо не сум се спротивставувал.
-Тоа е невозможно!
-Во право си, невозможно е.