Честа болка кај возрасните: болки во нозете. Како да се спречат?
Голем број луѓе, почесто во поодминати години, често се жалат на болки во нозете, особено при промена на временските прилики и при појава на вени.
Болката вообичаено е долготрајна и со тоа ја спречува активноста на личноста-занимавањето со спорт.
Главни причини за болки во нозете
-болест на периферните артерии (стеснување на крвните садови и можност за појава на крвни згрутчувања), што се јавува кај пациенти помлади од 55 години;
-остеомиелитис-воспаление на коските што ги погодува зглобовите. Се јавува поради неспецифични и специфични инфекции (ТБЦ, сифилис, тифус, лепра);
-периферна невропатија-воспаление на периферни нерви (во телото, не во мозокот и рбетниот мозок). Последица е на некое долготрајно пореметување, како дијабетес, алкохолизам, недостиг на витамини или тумор, а и поради прекумерна доза на одредени лекови, изложеност на одредени хемикалии (жива, арсен или олово) итн.;
-ишијас (лумбоишијалгија)-се однесува на најдолгиот нерв во човечкиот организам, дебел колку палец. Болката почнува во долниот дел на грбот и се шири, а може да биде присутна во потколеницата или листот, каде што е најизразена.
Важно предупредување
Болката во нозете, дури и ако не е јака, може да заврши со смрт!
Имено, британскиот хирург од Imperial College NHS Healthcare Trust во Лондон Јан Франклин потенцира дека болката во нозете може да биде знак дека артериите и вените се блокирани или ослабени. Доколку се занемари проблемот, може да дојде до по живот опасниот срцев или мозочен удар, како и анеуризми (артеријата станува слаба и отечена и може да пукне). Во некои случаи болеста на периферните артерии може да доведе и до гангрена и ампутација на нога/нозе.
Меѓу првите симптоми може да се појави болка при одот, најчесто во потколеничниот мускул, но и во бедрата или задницата. Одењето по нагорнина и носење товар може да ја влоши состојбата. Колку побрзо ќе се јави откако ќе почнете да одите, толку е поголема блокадата и слабоста на крвните садови во нозете. Болката настанува зашто ножните мускули не добиваат доволно крв.
Анеуризмата на абдоминалната аорта (главна артерија во телото) е уште една од можните тешкотии. Болеста обично се развива бавно и нема симптоми. Тешко е да се предвиди, но некои лица можат да забележат пулсирачко чувство во близина на папокот, чувство или болка во мевот или градите, како и болка во грбот. Во случај на пукање на аортата шансите за преживување изнесуваат околу 20%. Кај лицата кај кои анеуризмата е решена хируршки шансите за преживување изнесуваат 97%.
На некои можеби ќе им користат советите објавени во едно француско списание.
Штетно е:
-да се носат еластични чорапи што ги стегаат листовите на нозете и обувки кои ги стегаат стапалото и ногата;
-не се препорачува премногу топла вода за капење, како и долго седење во када;
-да не се стои долго на едно место или да се седи со прекрстени нозе;
-не се препорачува депилација со топол восок;
-треба да се одбегнува долго сончање, како и стоење пред други извори на топлина;
-пушењето и земањето мрсна храна, како и алкохол, исто така треба да се одбегнуваат.
Корисно е:
-по капењето нозете да се стават под туш, да се спие на грбот со перничиња под нозете, често да се пешачи и трча-да се спортува колку што тоа здравствените можности и годините го дозволуваат.
За подобра циркулација, контактирајте со Wellness Macedonia за препораки за исхрана во комбинација со Herbalife Nutrition со која ќе ја подобрит циркулацијата, а со тоа ќе ја подобрите и својата состојба со болки во нозете.
(Користени повеќе прилози објавени на Интернет)