Дали некогаш сте се запрашале зошто се чувствувате подобро по долга прошетка или трчање или, пак, зошто, по добра комедија, сте цело време насмеани?
Не е работата во фактот дека сте можеби среќни оти сте изгубиле неколку килограми, сте доживеале фантастичен оргазам (иако е тоа дефинитивно добра причина за задоволство) или добро сте се наспале. Еланот што го чувствувате, а кој кај некои луѓе може да трае и до 12 часа, има свое научно објаснување: се работи за отпуштање на еднорфин.
Лекарите објаснуваат дека ендорфинот како невротрансмитер кој мозокот го продуцира со цел сузбивање и редуцирање на болка и нелагода, но исто така е познат како најчест предизвикувач на еуфорични расположенија. Дрогите, како морфиум, спид, хероин или кокаин, се класични отпуштувачи на ендорфин, по вештачки пат, токму затоа се и толку адиктивни. За среќа, природата се погрижила за природни начини на оптуштање на ендорфин за нашето тело да биде здраво и среќно.
Некои од начините се одамна познати и применувани во народната медицина, како јадењето на лути пиперчиња. Лутите пиперчиња предизвикуваат протективен одговор на нашето тело (јазикот), а џвакањето на пиперчиња може да помогне и на редукцијата на болки во главата и усната шуплина. Силата на позитивното мислење е уште еден од природните поттикнувачи на среќата. Медитацијата, па дури и соништата со убава содржина можат да му помогнат на лицето да се чувствува психички подобро.
Луѓето кои редовно вежбаат исто така се посреќни од оние кои седат за работна маса во канцеларија и не работат ништо. Соочувањето со можностите на нашето тело, преминувањето на границите и постигнувањето на целите не прават посреќни, поздрави и подолговечни. Сексот е познат извор, а дејствува според сличен принцип како и вежбањето. Оргазмот е само шлаг на врвот на тортата.
Храната како чоколадото дејствува на чувството на среќата и сигурноста, што не значи дека, кога сте тажни, морате да изедете цела торта-едно парче ќе биде сосема доволно.
Не заборавајте и на стравот како поттикнувач на адреналин и ендорфин. Занимавањето со екстремни спортови или едноставното гледање на хорор филмови ќе ве направи поживи.
Во природата не заборавајте на сончевата светлина. Природниот поттикнувач го полни нашето тело со сила и енергија. Не заборавајте да се прошетате на сонце секогаш кога за тоа ќе имате можност.