Во езотеријата и имагинарниот свет постојат две различни толкувања на проклетството: како формула и како состојба.
Првиот збор на проколнување излегува од устата на Исус Христос само при последниот настап: „Одете од мене, проклети!“ (Матеј, 25,41). И нѐ предупредува дека нема да го промени своето однесување во последниот час: „И кој ќе ги слушне моите зборови и нема да верува, јас нема да му судам…Речта што јас ја говорев, таа ќе му суди во последниот ден“. (Јован, 12,47-48).
Постојат и неколку познати проклетства во далечното минато.
Првото толкување на проклетството е профаната, религиска или магиска формула односно движење за кое се верува дека донесува несреќа, и тоа поради силата на зборовите, делотворноста на обредот, исходиштата во битието од другата страна или поради кореспонденцијата помеѓу формулата и предметот на проклетството.
Постои проклетство врз лице: „Кога Ноа се отрезни од виното и дозна што сторил неговиот најмлад син, рече: „Нека е проклет Канаанецот…“. (Пос. 9,24-25).
И проклетство врз предмет: „Но ако не го слушаш гласот на Јехова, Богот свој, (…) проклет ќе биде твојот кош и ноќвите твои“.
Со проклетство се нарекува и состојба на лице, заедница, па дури и на место, предмет, настан, чин, осуден на несреќа, самата несреќа испратена на некој или нешто и самата несреќа што предмотот на проклетството ја шири околу себе.
Денес во светот се најпознати две легенди за две проклетства: проклетстово на фараонот Тутанкамон и на прочуениот дијамант Хоуп.
За интересната историја за проклетството на египетскиот фараон, кој владеел одвај 9 години, се напишани книги и снимени документарни филмови. Приказната е сосема бизарна: најмалку 30-тина научници кои имале врски со откритието на Тутанкамоновиот гроб и посмртното богатство што е откриено во него ги изгубиле животите предвреме и под сомнителни околности.
Секако, најпознати помеѓу нив беа британските археолози Хауард Картер и лорд Џорџ Карнавон, кои во 1922. година дошле до сензационално откритие: во прочуената Долина на кралевите, позната според бројни кралски гробници, во близина на староегиептскиот главен град Теба, Картер пронашол се уште запечатен влез во гробницата на легендарниот фараон Тутанкамон, кој со египетската империја владеел пред повеќе од три илјади години, помеѓу 1336. и 1327.г.пр.н.е.
За своето сензационално откритие тој со одушевеност му јавил на својот мецена, лордот Карнавон, кој ја организирал и финансирал експедицијата. Овој се упатил во Египет и наскоро стасал на местото на настанот.
Меѓутоа, помеѓу египетските работници и помагачи, кои веќе порано слушале за мистериозните проклетства на фараонот, немало големо одушевување. Сите тие приказни, пак, англиските истражувачи ги доживувале како египетски празноверија и не им придавале никакво значење. Она што тие го нашле длабоко под зема, во последното фараоново почивалиште, била баснословна награда за сите нивни ризици и напори: гробницата била недопрена и не само што саркофагот со мумијата не бил оштетен, туку и огромното богатство-злато, драгоцени камења и драгоцени уметнички предмети од непроценлива вредност-било недопрено!
Но, додека ископувањата биле во полн ек лордот Карнавон наеднаш се разболел тешко и неколку месеци подоцна умрел. Потоа од истата загадочна болест умрел и првиот асистент на англискиот археолог, а потоа еден по еден речиси сите работници- мештани кои заедно со англиските истражувачи помеѓу првите влегле во древната гробница. За многумина тоа била потврда дека се остварило мрачното проклетство на фараонот.
Дури во поново време на научниците им појде од рака да влезат во трага на загадочната смрт. Имено, бактериолози на мумијата на Тутанкамон откриле спори на микроскопски мали габички. Тие во текот на илјади години се развиле во херметичките гробни комори, а потоа истражувачите во големи количества ги раздвижиле и вдишувале. Како што се покажало во компликуваните експерименти, габичните спори наоѓале уточиште во градите на членовите на прочуената археолошка експедиција каде што постепено излачувале смртоносни отрови и ги убивале.
Малку е веројатно дека фараоните во своите последни почивалишта свесно ја оставале оваа микроскопска убиствена замка. Се поставува клучното прашање: како воопшто можеле да знаат нешто за постоењето на овие мали предизвикувачи на болеста? Се разбира, не можеле. За нивните необични карактеристики и нивното излачување на смртоносни отрови бактериолозите нешто повеќе дознале дури благодарение на најмодерната медицинска техника!
„Проклетството на дијамантот Хоуп“, чија вредност е проценета на 42,52 карати, е со слична содржина. Ниту тој не му донел многу среќа на ниеден од поранешните сопственици, почнувајќи од францускиот крал Луј XIV, па се до американската богата наследничка Евелин Волс Мек Лин.
Езотеристите го наведуваат проклетството на Жак Молај, Мајстор на Храмот изгорен на 19. март 1314. година: „Ве проколнувам обајцата, папата и кралот на Франција, дека наскоро ќе излезете пред Небескиот суд. Ти, Клементе, за четириесет дена. Ти, Филипе, пред да истекне годината!“ (апокрифен текст). Папата Клемент V умрел на 20. април, а кралот Филип на 29. ноември 1314.