Прашајте ги сопствениците на мал бизнис-од кој било облик, дали претпријатија, продавници или задруги-што ги мотивира и придвижува, и ќе добиете идентичен одговор-ПАРИ.
Меѓутоа, стручњаците сметаат дека мислењето на менаџерот и сопственик на бизнисот дека парите ги придвижува е погрешно. Препознавањето на она што ги мотивира е повеќе од компликувано.
Според некои истражувања во светот, на прво место на причините за почнување на бизнис е „да се биде свој газда“, потоа следат флексибилност на животот и работното време, додека парите се дури на трето место според важноста при одлучувањето за почнување на бизнис. Дали Вие сметате така?
Придвижувачите на малиот бизнис имаат поголемо задоволство од работата отколку остатокот на популацијата, исто така покажуваат некои истражувања. Дури 49% од сопствениците на малиот бизнис се задоволни од работата, за разлика од 29% вработени во фирмите со туѓо сопствеништво.
Дали некогаш Ви недостасува мотивација? Се разбира дека Ви недостасува. Ова е нормална појава кај повеќето луѓе, а посебно доколку дојдете до некој голем проблем, деловен неуспех или (не)премостливи пречки. Едноставно, морате да бидете подготвени на сѐ, а една од основните работи е мотивацијата која никогаш не смее да пресуши оти тогаш Вашиот бизнис пропаѓа, а Вашето работење повеќе нема смисла. Се трудите, како и во животот, секогаш да пронаоѓате нови работи кои Ве мотивираат и кои Ве туркаат напред оти без нив нема да успеете да опстанете. Научете да го канализирате својот ентузијазам и секогаш нешто да сакате да постигнете и да имате цел.
(Преземено и преведено од: www.economy.co.yu)