Во текот на последните децении ширум светот порасна интересирањето за поголемо користење на ресурсите на дневната светлина, најнапред поради енергетската ефикасност.
Производителите на покривни прозорци, светларници, системи за замрачување и тубуларни системи за осветлување, кои создаваат реални услови за дневна светлина, потврдуваат дека побарувачката за нивните производи расте. Цел вариетет на иновации, од електрохромско варијабилно преносно стакло до специјални направи за преживување во услови на урагани, ја проширија мрежата на производи и апликации.
Едновремено, медицинските и здравствените истражувања сѐ повеќе се концентрираат на светлината и нејзиниот ефект врз човековото здравје. Откога во 2002. година во очниот нерв е откриена нервна ганглија која го движи циркадијалниот ритам, исклучително важната улога на човечките ритми и циклуси на ендокриниот систем во здравјето стана непроценлива. Најпосле, разбирањето на светлината и нејзиното влијание врз луѓето, вклучувајќи цел дијапазон на влијанија, почнувајќи од синтезата на Д витаминот до широкиот спкектар на телесни фунции врз кои директно влијае светлината, е одамна прифатен став. Да резимираме, зградите кои користат доста дневна светлина се поздрави за живот.
Практиката на одржлив дизајн, што е во моментов во развој, речиси ја прифати теоријата на биофилија (природна наклонетост на човечкото суштество да престојува во опкружување од други живи суштества) како суштински дел од напредниот дизајн. Дневната светлина е веројатно најбитната компонента на биофилатичката околина. Студиите спроведени ширум светот, како и растечкиот број на стандарди, се повеќе ја истакнуваат и поддржуваат потребата од дневна светлина и поглед; и додека причината за сето ова се уште не е доволно позната, ефектот добиен во најразлични истражувања секогаш покажува исто.
Време е архитектите, инженерите и дизајнерите ширум светот да почнат да ги земаат предвид овие влијанија во дизајнот кои се одразуваат врз изградбата. Освен добриот дизајн, можеби е време да почнеме да бараме, низ стандарди и правила, зградите кои имаат повеќе дневна светлина да станат правило, а не исклучок.
Доктор Ричард Хобдеј, од University of West of England, ја претстави врската помеѓу здравјето и дневното осветлување во училиштата. Бидејќи човештвото сѐ повеќе се занимава со активности кои се врзани за затворени простории и места каде што се работи, и бидејќи зградите се повеќе не „штитат“ од дневната светлина се појавуваат сѐ повеќе и повеќе прашања поврзани со лишувањето на работниците од дневната светлина и влијанието што го има тоа врз здравјето. Доктор Хобдеј прикажа неколку суштински примери во кои дневната светлина има важна улога за здравјето на луѓето:
1. Помош во контрола на болеста
Дневната светлина на природен начин ги контролира бактериите и вирусите. Во болниците, болестите кои се стекнуваат при болничко лечење, како што е заразата со стафилококи кои се отпорни на лекови, станува една од главните причини за смрт. Оние одделенија во болницата кои имаат поголем дел на дневна светлина, имаат и помал број на бактерии и здравствени проблеми предизвикани од нив.
2. Недостиг од Д витамин
Човечкото суштество добива 90% од своите потреби за витамин Д од сончевата светлина. Животот кој повеќе се концентрира на активности врзани за затворени простори помалку ги изложува луѓето на светлина, што се одразува со недостиг на Д витамин, а со самото тоа и со слабеење на имунолошкиот систем.
3. Клиничка депресија
Стручњаците предвидуваат дека до 2020. година клиничката депресија како причина за смрт ќе бида втора на листата на болести, веднаш зад кардио-васкуларните пореметувања. Кога испитувањата во оваа насока се вршат во контролирани услови, на пример во болници, се доаѓа до заклучок дека пациентите кои се повеќе изложени на дневна светлина побрзо се опоравуваат.
4. Сезонско афективно пореметување
Сезонската депресија, пореметување кое настанува по патување помеѓу релации со големи временски разлики, како и други пореметувања на циркадијалниот ритам, сега можат да се лечат многу поефективно благодарение на откритието на специјални фоторецептори во окото во 2002-рата година. Испитувањата во врска со лечењето на болка и други состојби, каде што светлината би можела да помогне, се во тек.
Архитектите и инженерите мораат да ја пренасочат својата творечка работа кон подобра и посилна дневна светлина. Но исто така, за да се просперира во целост, општеството мора да ги истакнува и здравите животни навики. Зашто циркадијалниот ритам на денот и ноќта, светлината и темнината, активностите и сонот, е од суштинска важност за живите суштества, а погодностите на модерните згради не би требало да го нарушуваат прирордниот ритам и рамнотежата.
Прашањето на квалитетот на дневната светлина во објектите сѐ повеќе зазема значајно место при планирањето и изградбата на модерните згради, не само поради заштеда на енергија, туку и поради влијанието врз добродетелта на луѓето и нивната подобра способност за работа.
Интересот во светот за прашањата во врска со дневната светлина нагло порасна во последните две децении поради заштеда на енергијата. Меѓутоа, во последните 5 години е сфатена важноста која дневната светлина ја има и врз луѓето, вклучувајќи го и тоа колку голема улога има во обновувањето на витаминот Д во човечкото тело.