1. Вртеж
Обично се јавува пред заспивање
кога преуморни од стоење в место
луѓе тргнуваат кон раб од бездна
предводени од незнаен ветар.
Но пред да застанат на него
пред нив се јавува вртеж
од дамнешна пустошна земја
сосе заборавени, а живи војни.
Како предупредување
дека сите ќе умираат
беспомошни.