fbpx Прескокни до главната содржина

40-42

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

40. Разбирање

Имам разбирање за сè
што се прави околу мене
за совреме да биде
дел од мене
кога ќе посакам да биде
сè околу мене и за мене.

Само не разбирам зошто
некој е настојчив
да ме обѕида со ѕидишта
до небо
и во исто време ме тера
со сила макар последна
макар претсмртна
да се извишам над сите
луѓе
па на небо никој никогаш
повеќе да не ме дружи.

Затоа немам разбирање
за она што се случува
во последно време
како последно
а ни трага не им остава
на моите потомци.

41. Сè почесто раскрилен

Ми се случува да се раскрилам
штом догледам како кон мене
долетуваат јата од сите страни
на минлив и менлив свет
а јас одамна сум одлучен
да полетам кон исток
пред изгрејсонце.

Во меѓувреме се случува
јатата мигум да се соберат
во едно
па да продолжат да летаат
кружно над мене
како да не знаат кон каде
како да влетале во круг
во кој сите страни на светот
не се препознаваат меѓусебно.

Ми се случува сè почесто
јас раскрилен меѓу јата
со јата
никако да полетам кон исток
пред изгрејсонце.

42. Неверно

Неверно ми е дека
ти можеш како никој
да запреш време нечие
па да влезеш во него
и да останеш тоа што си
ту бубалка ту пеперуга
ту птица незнајна
ту своја сенка без сенка.

Мене ми е неверно
дека има причина
ни одвреме-навреме
да немаш доста време
за да исчезнеш најпосле
како да не си никогаш
со неизменлив тек
реко на безброј соништа.       

СЕКИДНЕВИЕ, Расположби, поезија/припеви

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.