fbpx Прескокни до главната содржина

37-39

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

37. Стрепам

Се забрзале мените
на моите денови без ноќи
а од никаде идат кон мене
без навестување гласови
меѓу здивови на незнајни
минати и идни животи.

Стрепам од времево во кое
некој се обидува остро
да разграничи пред мене
мрачнини и сончевини.

38. Сè подлабока тишина

Јас не можам да разберам
зошто тишинава
во која сум многу години
станува сè подлабока.

Можеби затоа што јас
веќе не сум спокоен
додека следамсè
што се случува меѓу
два врва
кои дамна сум ги искачил
но не сум ги обележал
како мои.

А се случуваат многу
нешта без мене.

Најмногу стрепам
додека следам како
меѓу двата врва
кои никому не му се знајни
како мои
се случуваат ветришта
ненадејни и толку силни
што да не може никој
да им застане на патот
до нечие ново огниште.

39. Радосно

Вели дека му се радосни
и срцето и душата
и телото и снагата
зашто конечно не е сам
конечно е во својот свет
со луѓе на кои баш сè
им е во рамновесие
со нивната природа
со нивното постоење
како самосвесни битија.

Радосно му е сè
што е со него кога било
дека годините мигновено
му значат како траење
му значат како истрајност
а не му значат ништо
додека ја докажува својата
животворна слобода.  

СЕКИДНЕВИЕ, Расположби, поезија/припеви

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.