Злорадо

Јанѕи од јава во јазол

Надошла матна река
Понорница
Уште од излегување
На виделина
Под висок врв
На гола планина
Подготвена скоро
Да го напушти
Своето корито
И да почне да длаби
Ново
Подалеку од луѓе.

А тие штотуку
Се согласија дека
Нејзините брегови
Се конечно спремни
За темели на нови
Живеалишта
Од бетон железо
И дрвени греди.

Не оти ќе се откажат
Од намислата
Туку станаа злоради
Почнаа
Да ја убедуваат реката
Дека нејзин проблем
Не се нејзините
Брегови
На кои навалија
Да издигаат до небо
Свои живеалишта.

Почнаа злорадо
Да ѝ нагласуваат
Дека нејзин проблем
Егзистенцијален
Е што не помислува
Да престане да понира
Во надеж дека таква
Со сончеви зраци
Во својот крвоток
Ќе ја надмине
Матноста.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стикхозбирка, 51

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.