ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 38

Потребно време за читање: < 1 минута

38. Живот

Се роди живот и заживеа! За да продолжиме ние заедно, за да продолжи нашето време, за да не бидеме само денес со вчера?

Не се радуваме?! Да, но по малку, но воздржано. Не би требало. А зошто? Затоа што се роди во невреме, иако не неоечкувано.

Всушност, не се роди живот и он не заживеа. Создадов и заживеав и едновремено создадовме и заживеавме живот. Во невреме.

Какво невреме? Бурно, мрачно, облачно, ветровито, молневито, со далечен зрак светлина во него. Без време. Како веќе да ќе нема наше ни во ниедно време.

Нема што да се докажува, ама сепак за неговата молневитост:

Значи е брзо како молња, значи го пара небото без престан, дури без здив; значи во миг, во мигови; значи е оган што мигум се распалува и гасне на небо, па се распалува и гасне; значи удира со сета своја силина во пуста и запустена земја, во веќе скаменета, во веќе без свој изгрев и без свој залез.

Суштествено за новиот и заживеаниот живот е да се сознае колку е роден од нас, а колку е создаден за нас. Потоа лесно ќе го продолжиме во нов.