Живи спомени

Јанѕи од јава во јазол

На ѕид од разурната куќа
Некој бескуќник изнаредил
Едни до други
Едни спроти други
Живи спомени
Со кои разговара секогаш
Кога е во неспокој
Во рамнодушност
Или во залудност.

Едни дамнешни
Едни веќе избледени
Други скорашни
Други веќе уморни
А трети четврти петти
Безвремени.

Некој бескуќник
Со свои живи спомени
Споделува радости
Дека сè уште среќава луѓе
Кои имаат свои светови
Единствени. Некој бескуќник
Со свои живи спомени
На ѕид од разурната куќа
Споделува жалости
Дека одамна нема луѓе
Кои заедно со него
Ќе почнат да градат
Темели.  

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Превирања, стихозбирка, 33

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.