Жив песок

Потребно време за читање: 3 минути

Живиот песок се состои од мешавина на заоблени зрна на светол песок измешан со вода или некој светол вид на тло и отпорна тиња, или, пак, од тиња која во себе содржи чакал. Водата се пробива во секоја пора на таа мешавина, обвиткува секое нејзино зрно. Тоа значи дека зрната стануваат раздвоени меѓусебно (оти помеѓу нив се наоѓа вода), додека целокупниот волумен на мешавината нараснува.

Бидејќи зрната веќе немаат стабилност, ниту меѓусебна потпирка, тие при притисок почнуваат да се тркалаат едно околу друго, што им оневозможува на тешки објекти да имаат цврсто упориште на таквото тло.

Опасноста од жив песок за првпат се појави во стандардно холивудско сценарио: беспомошна жртва зачекорува на тло кое изгледа цврсто и наеднаш нозете ја губат потпирката. Обидите на човекот со панично движење некако да се извлече прават неговото тело да потоне уште побрзо. Смртта е неизбежна и гледачите се скаменети од ужасот.

Живиот песок е типичен вид на тло во близина на делтите на големите реки или близу до бреговите каде што долниот слој на цврста глина ја впива и ја задржува водата во себе.

Може ли живиот песок неочекувано и набрзина да ја вшмука несреќната жртва и така да ја задуши, како што многумина веруваат и како што може да се види во нискобуџетските хорори?

Генерално-не може.

Всушност, можеби би се удавиле ако во жив песок паднете баш на глава и поради некоја причина не можете да ја извадите над површината. Меѓутоа, толку длабоки живи песоци во кои евентуално би можело да се случи тоа се мошне ретки. Најверојатното сценарио би било тоа да паднете во жив песок и само да останете да плутате на површината.

Бидејќи живиот песок е заситен со течност (но песокта во многу ја претежнува водата), таквата мешавина му овозможува на сешто и секој што ќе зачекори во него да плута на повисоко ниво отколку што би било нивото да е само вода во прашање.

Клучен начин на пливање во ваков базен е со забавени движења. На тој начин, откако ќе се најде во жив песок, лицето му остава доволно време на песокот да се обвитка околу неговото тело, па така да создаде услови за лесно пливање или плутање низ таа маса.

Ако се обидете да се оттурнете кон површината, всушност ќе постигнете контраефект, оти тоа би го правеле против вакуумот кој би останал зад движењето со ногата. Корисно би било силно да ги раширите рацете и нозете и да се поставите полека во лежечка положба, за површината врз која дејствува силата на исфрлање од живиот песок да биде што поголема.

Жив песок можете да направите сами во шолја: налејте песок со вода, а потоа добро измешајте. Мешавината ќе изгледа цврста, но кога во неа ќе ставите прст тој лесно ќе продре.

Иако состојбата на суспензија е привремена, овде-онде можат да се формираат езерца од жив песок кои ќе се одржат и подолго време. Кога песока прекрива некој поток, на пример на пролет, притисокот оздола не и топушта на песочната маса да се слегне.

Долготрајни оази на жив песок обично се наоѓаат на речни или морски крајбрежја. Езерца од жив песок со краток век се создаваат кај што растресит песок ќе се накваси со вода, а потоа ќе го размрда некоја сила, на пример земјотрес. На рамно, смирено тло песокта брзо ќе се сталожи. Но ако дојде до брзо спуштање на песок наквасен со вода низ некоја стрмнина, тоа може да доведе до катастрофа зашто е многу полошо ако жив песок се истури врз вас, отколку ако загазите во него.

Најголемата површина на жив песок на Земјата е во заливот Морекамбе, во Ирското море, а се протега источно од Isle of man и јужно од националниот парк Lake district. Живиот песок на Morecambe Bay е резултат на плимни наноси на тиња и песок, а прекрива површина од дури 310 километри квадратни.

Leave the first comment