Зборови за разбирачка

Зборови за разбирачка

Зборовите од народниот говор се секогаш за разбирачка. Освен ако не се знаат, ако не знаеме што значат, што именуваат, што заменуваат, а што покажуваа и докажуваат. Исто е и ако се заборавиле или ако сме ги замениле со други, ненаши.

Некои и од едните и од другите и од третите…:

  • мофљус – човек материјално пропаднат
  • испорец – првенец; предводник
  • чапкан – безобразник; шегобиец
  • јалдаџи – лажец
  • арам – проклето
  • калабалак – мнозинство, многу
  • рушфет – мито
  • ќелепур – нешто случајно или за малку пари добиено
  • нафака – среќа

Порака што може да биде и општонародна:

Арам да ти е калабалакот што со рушвет и ќелепур си го стокми. Сега му се топориш ко испорец. А никаква нафака од тебе со тебе. Сетне ко јалдаџи и чапкан ќе му излезиш на очи, та мофљус ќе те направи.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.