Заумно

Камено небо

Сè заумно додека страсен оган
раѓа живот за да создава живот
ничија стварност да не може
да го надживее.

Сè заумно и додека смрт една
гасне сон за да престане живот
нечиј што разнесувал смрт
до кај што стасувало неговото
непостоење како постоење.

Сè заумно најпосле додека
некој бил некогаш
како да не бил никогаш
меѓу дивина и питомина.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 63

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.