Заклучување

Тивки клокоти

Заклучувам дека го потрошив времето за голема промена во животот, па затоа се обидувам со повеќе мали. Безуспешно.

Заклучувам дека паметењето уште ме служи добро, но заборавањето како се повеќе да се истакнува меѓу ликови и нивни имиња. Се побезуспешно.

Заклучувам дека е време да прифаќам мали задолженија, кои се уште можам да ги исполнам без многу напор, а големите да им ги препуштам на оние со повеќе знаење и енергија.

Заклучувам дека има уште доволно нешта, состојби и процеси за мое докажување.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 130

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.