Загледувања

Камено небо

Загледува како
од една друга страна
се доближува жив оган
од небосвод
до негов небосклон
како некој на земја
да врзал со невидлива нишка
огнен змеј од хартија за игра.

Близу до него загледа
иронична насмевка
нацртана на бело платно
исткаено од ветар што минал
незабележан од ниеден човек
ни по раѓање ни на умирање
како да почнува некакво
досега незамисливо невреме.

Се загледа наоколу околу себе
се изненади се исплаши
дека е само тој сам на земја.

Си го објасни со свој молк
тоа собитие
како навестување на нов живот
под земја неминовен
со повремено излегување
на виделина
колку да не ослепи
колку да догледува сонце
во изгрев во залез
заедно со неговата сенка
собудена
и срце јуначко.

КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 70

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.