Зад кулиси

Потребно време за читање: 2 минути

Што се прави зад кулиси? Зад кулиси ниту нешто се договара, ниту нешто се игра или изигрува, ниту, пак, се крие.

Имено, најпрвин секој што бил, е или планира да биде односно да се појави на сцената, значи пред публика, пред луѓе, пред граѓани, пред народ, знае или би требало да знае дека кулисите се кулиси на сцена, а зад неа се поврзани или неповрзани како статична или подвижна илустрација, атмосфера, дополнение или објаснение на дел од замисла односно дело.

Како второ: кулисите еднакво им користат на актерите на сцената и на самата претстава од една, а од друга страна ја доловуваат, може и да ја докажуваат разделеноста односно разграниченоста меѓу играчите/артистите/актерите и публиката/граѓаните/народот.

Притоа е многу важна самата сцена-дали е таа отворена, сосем осветлена или, пак, има некои свои засенчени, недогледливи, несогледливи места, агли, сокровишта. Очекувано е, би рекол и неминовно првата да има сосем поинакви значење и функција од втората. Тоа во најголема мера зависи од самото дело/дејствие/случување, поединечните улоги на играчите/артистите/актерите, како и нивните интеракции односно меѓусебни влијанија и условувања.

Како кулисите им користат на актерите на сцената и на самата претстава? На пример на актерите во политиката? На пример на главните акери на геостратегијата? На пример на лидерите на големите воено-економски сили?

Сосема е погрешно мислењето дека сите тие зад кулисите не се за да преговараат и за да се договораат долго; на пример, сè додека не постигнат конечен договор, не најдат конечно, макар сосем нелогично, може и налудничаво решение. Кога би било така, само по себе се поставува прашањето што се случува во меѓувреме на сцената. Се случува војна? Па ниедна војна во историјата на човечката цивилизација не се одвивала на сцена со кулиси! Склон сум да прифатам дека додека на сцена се одвива војна, без исклучок далеку од неа главните актери преговараат и се договараат до кога ќе трае таа, односно какви да бидат последиците во неа и од неа.

Сè почесто слушаме, па и согледуваме дека претстои ново прекројување на светот. На нови интересни сфери во рамки на нова геополотика (нов мултиполарен свет), а имајќи ги предвид тектонските промени во распоредот на воено-економските сили, истовремено на нивно преструктуирање, но многу повеќе на нивно ново разграничување. Именувано како „Јалта 2“. ( На Јалта, во црноморското одморалиште на полуостровот Крим, на 4. февруари 1945. се одржа конференција со учество на британскиот премиер Винстон Черчил, американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт и советскиот диктатор Јозеф Сталин. Станува збор за преговори за финалната фаза на Втората светска војна, односно поразот на нацистичка Германија, поточно нова поделба на моќта и основање на идната најважна организација на светот, Обединетите нации.) Тоа е и реално и потребно? (Заложба на видни историчари и геостратешки аналитичари.)

Лично сметам дека не е. Едно затоа што се различни кулисите, а друго поради фактот што „претставата“ која се „игра“ на сцената не е, ниту може во скорашна иднина да стане „тотално воена“-светска војна (како нејзина кулминација). До неа не може да дојде како некаква разврска на „нова Јалта“, ни на штотуку започнатата светска трговска војна. Сегашната светска состојба на криза не е „предуслов за градење нов мировен поредок“, меѓу другото соработката и мирот се одржуваат во рамките на Обединетите нации, туку, повторувам, за ново прекројување на светот и нови сфери на интереси од страна на големите воено-економски сили, а пред сè на нивно ново разграничување.

Најважн од сè:

Внимателно да се следи „претставата“ на сцената, а бидејќи кулисите се несомнено „подвижни“, да се мисли и дејствува (според можностите и позициите) предвидливо. Просто затоа што „претставата“ ниту е, ниту допрва ќе биде само меѓу силни и слаби.   

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 78