Забраната како забрана никој не ја посакува. Никому не му е драга, а ниту некој е спремен да ја прифати и примени радо. Не затоа што е таа најнапред ограничување, во најголема мера на личната слобода, туку поради нејзината привремена ефикасност. Имено, немало и може да има трајна забрана, освен онаа што е дел од нужноста на живеењето.
Во суштина, забраната е наметната, неретко насилна, но најчесто е поврзана со принудата. Вообичаено се темели на негација, како одговор на неприфатливо однесување, дејствие, на нешто што се дефинира како проблематично.
Може без никаква забрана? Се разбира дека може, но притоа секогаш треба да се имаат предвид последиците на…анархијата.
Да, беззаконието е анархија, хаос. Која не смее да трае предолго, бидејќи е и уништувачка и самоуништувачка.
Најдобро е забраната да се разбира како одбрана на човечкото во човекот и на прогресивноста на човечката цивилизација. Да претставуваат нивна детерминираност.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 193