fbpx Прескокни до главната содржина

Оптимизам-песимизам

За слободно промислување

Нема што допрва да се открива и осознава за оптимизмот и песимизмот:

Најпрвин, оптимизмот ги содржи толкувањето на состојби, процеси и настани како најдобри односно оптимални, и притоа ја вклучува надежта во сегашноста и иднината. Спротивен му е, поточно му се спротивставува песимизмот кој, пак, ги вклучува неверувањето, неминовноста, реалноста, состојбата статус кво, пасивизацијата; мрачно гледање и сфаќање (светот е најлош што може да биде, стварноста е безвредна и бесмислена). Притоа, среќата не е нераскинливо поврзана со оптимизмот, ниту песимизмот е нераскинливо поврзан со несреќата.

Позната е „илустрацијата“ на нивниот „судир“ со полунаполнетата чаша со вода: полуполна-оптимизам, полупразна-песимизам.

Помалку познат е филозофскиот оптимизам-дека живееме во најдобриот од сите можни светови, и филозофскиот песимизам кој на животот или суштествувањето му припишува негативна вредност-дека животот во основа е бесмислен и бесцелен.

Посочувам на тн. умерен оптимизам, термин од нашево време кој на оптимизмот му „додава“ воздржаност односно „извесна доза“ песимизам. Често погрешно се изедначува со друг термин-реален оптимизам кој исто така ја нагласува воздржаноста, но таа се „темели“ на очекување или надеж со оглед на конкретната општествено-политичка и економска стварност. Во дефинирањето на оптимизмот се „замеша“ и сатирата, залагајќи се за разграничување на „песимистички оптимизам“ и „оптимистички песимизам“, најчесто директно или индиректно поврзани со добиената и изгубената доверба (во власта, политиката, развојните предвидувања и планови).

Прочитај и за ... >>  КОЛУМНИСТ ШТО МИСЛИ ГЛАСНО ЗА ЖИВОТ И ЖИВОТНИ ПРИКЛУЧЕНИЈА (ПОЕНТИ), XII, роман

Имајќи го предвид сето наведено досега, кога е збор за стварноста од една, и ограниченоста на нашето суштествување од друга страна, сметам дека ние, и лично и како припадници на каква било заедница, уште долго време ќе постоиме во празен простор меѓу оптимизмот и песимизот. Во моментов ниту во „умерен“, ниту во „реален“ оптимизам. Кој би можел да го (пре)именувам како последна надеж за оптимизмот.

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 65

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.