41. Повторливо
Да се разбереме:
Тоа што одвреме-навреме ја „истакнувам“ грандиозноста на моето мислечко и книжевно творештво, наспроти непризнателноста и мојот егзистенцијален и општествен статус, е само изнесување факти и состојба. Ништо друго.
Конкретно:
Ниту ми треба признание, ниту барам некакво „подобрување“ (од кого?!). Исто како што не се надевам, не ни помислувам, ниту ми треба прием во МАНУ (кога очигледно јас не му требам).
Што се однесува на мојата секојдневна „активност“ на социјалната Фејсбук (Facebook) мрежа:
Никому не му ги натурам делата кои ги создавам текушто (не сакам никому да му „здодевам“ со нив). Нив ги објавувам во „приватната група“ насловена едноставно „Мое текушто творештво (Љ.Д.)“, а во која „членуваат“ само стотина FB пријатели. (Престанав да нудам „членство“; тоа го оставам исклучиво на личниот интерес и изразената желба-барање.)
На мојот FB профил објавувам само свои сентенции (думи), народски изреки (мои напишани на „општонароден“ дијалект), статуси (за проблематизирање и промислување) и куси коментари за актуелни проблеми и прашања. (Прозни и поетски дела само поводно.)
Толку.