fbpx Прескокни до главната содржина

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, 33

За слободно промислување

33. Стратешко партнерство

1. Партнерството (народски: ортаклак) во суштина значи здружување и соработка врз основа на заеднички интереси и/или постигнување заедничка цел. Партнерството во нашево совремие се остварува меѓу субјекти во бизнисот, на локално и државно ниво-меѓу владиниот, невладинио и приватниот сектор. Партнерството подразбира договорен однос.

2. „Стратешко партнерство“ е синтагма која ја содржи именката „партнерство“, а во меѓународните односи (дипломатски речник) тоа е најчесто синоним за пријателство.

(„Стратегија“ е збор кој означува дологорочна цел, идеја, план, намера.

Придавката „стратешки“ потекнува од грчката именка „стратегос“-воен заповедник. Во воената терминологија таа означува наука за подготвување на војување за постигнување победа. Денес се употребува во разни области за начин на постигнување долгорочна цел.

Зборот „партнер“ е англиски, а потекнува од латинската именка „portio“-дел. Сродни му се интернационалните „партија“, „партитивен“, „партитура“, „партикула“, „партикуларен“, „партиципација“, „партократија“.)

3. Интертесно, во меѓународната политика не постои дефиниција за „стратешко партнерство“. Тоа најчесто „се врзува“ за односи помеѓу одделни држави.

Прочитај и за ... >>  Наместо

4. Декларацијата за стратешко партнерство и соработка меѓу САД и Република Македонија е потпишана на 7. мај 2008., а уследи поради грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во април 2008. Се смета за најважен документ во односите меѓу двете земји. Во неа акцентот е ставен на определбата за зајакнати трговски и економски односи, како и можност да се интензивираат релациите помеѓу Американците и Македонците преку промоција на културна и образовна размена.

Делови од неа:

„САД продолжуваат да ги поддржуваат безбедноста, стабилноста и економскиот развој на Македонија. Во интерес на едно уште поцврсто партнерство, Соединетите Држави имаат намера веднаш да обезбедат дополнителна поддршка за Македонија за да се помогне во изградбата на просперитет, за да се зајакне безбедноста и за да се поттикнат уште подлабоки врски помеѓу нашите две земји“.

Се потенцираат заедничките вредности за мир, слобода, владеење на правото, слободна пазарна економија.

5. Круцијални прашања:

-Дали натурената СДСМ-овско-ДУИ-џиска власт во Македонија, чија основна задача беше/е разнебитување на државата Македонија и македонскиот народ, е „резултат“ на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД?;  

Прочитај и за ... >>  Општество на доволност наместо потрошувачко

-Колку САД, како стратешки партнер на Македонија, во изминатиот период силно помогна да се спречи пенетрацијата на меѓународните мафијашки мрежи и  на корупцијата како една од главните „масовни дејанија“ на мафијата на власт?

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.