Непорекливо

За слободно промислување

Не е нескромно зашто е непорекливо:

Уште од моите почетоци-моето пројавување во поезијата, пред повеќе од 50 години (стихозбирка „Куќа што молчи“, 1971.-излезе од печат во февруари 1972.), па сѐ до денес бев и сум македонски поет кој најмногу експериментира со поетскиот јазик. (Посочувам и на поетскиот манифест „На чекор од говорот“, чиј коавтор сум, а кој се темели најмногу на мојата поезија.)

Најнова моја поетска авантура (од дури 10 во тек!) е АПСТРАКТНА ПОЕЗИЈА (немски песни)-поетската инсталација во настанување-создавање „Пој на птици и дете“. (Како другите мои дела-со истовремено објавување на Интернет).

Станува збор за специфичен поетски метајазик. Се надевам дека скоро ќе напишам мал „објаснувачки“ есеј за него.

И ова од еден стар бел дедо-непризнаен, маргинализиран и премолчен мислител и книжевник.

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 28

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.