За да можете за себе да кажете дека сте успешен градинар, морате да знаете каков тип на земјиште поседувате и како да го искористите. За успешен градинар не е пресудно дали е почетник или со искуство. Основно што треба да знаете е земјиштето и тогаш резултатите нема да изостанат.
Во многу дворишта типот на земјата претставува лимитирачки фактор за одгледување на растенија. Ако не го познавате типот на земјиштето многу од нив ќе угинат, а во меѓувреме ќе потрошите и многу пари и многу време додека не откриете кои се видовите на растенија кои можат да успеат во вашиот двор. Она што треба да се знае е фактот дека “вратата” на успешен градинар ќе ви биде отворена откако растенијата што ги одгледувате ќе цутат од година на година.
Ако откриете дека земјиштето ви е кисело, ќе бидете изненадени колку можности имате. Рододендрони, Азалеи, Врес…
Доколку растенијата кои сакаат кисело земјиште растат на алкално, набрзо ќе станат жолти, поради холорозата, и ќе пропаднат. Во зависност од раститетлниот вид, како и количината на калциумот во земјиштето, растенијата можат да угинат мошне брзо или можат да умрат бавно, така што на почетокот ќе изгледаат блескаво, а подоцна сосема ќе угинат. Тоа е затоа што железото во земјиштето се врзува со калциумот и станува непристапно за растенијата. Без овој нутритиент растението сигурно умира.
Прво што треба да се направи е да се одреди pH вредноста. Исто така, типот на земјиштето може да се одреди и така што ќе обрнете внимание на растителните видови во соседниот двор. Ако во него забележите Родондендрони, Азалеи идр. видови кои сакаат кисели земјишта, можете да претпоставите какво е и вашето. Доколку направената анализа на pH на земјиштето покаже вредност 5-6,5, тогаш вашето земјиште е со кисела реакција.
Погодни растенија за кисели земјишта
- Rhododendron видови и хибриди со цутење на пролет;
- Azalea, и тоа лиснодекоративни и што цветаат во рана пролет, и листопадни азалеи со цутење во доцна пролет;
- Camellia, со цутење во рана пролет, бара засен за добро цутење;
- Magnolia, бара длабоко и хумусно земјиште;
- Hydrangea, бара влажно земјиште во сенка; можат да растат и на варовно земјиште, но тогаш страдаат од хлороза, и ја менуваат бојата на цветот од сина во пинк;
- Kalmia latifolia, зимзелен џбун, погоден за сенка;
- Cornus sp., приземен џбун, погоден за сенка;
- Lithospermum sp., џбун со цутење во текот на летото; цветовите се сини;
- Син мак, тој е перенски вид со извонредни цветови кои се оформуваат во доцна пролет или рано лето.
Растенијата на киселите земјишта за успешен пораст бараат адекватна дренажа и соодветна влажност. Ако вашето земјиште е кисело и песочно, треба да му обезбедите повеќе органска материја. За тоа може да се користи некоја од листовките или тресет.
Доколку вашето земјиште е алкално, тогаш растенијата кои сакаат кисели земјишта ќе ги одгледувате или во контејнери или во издигнати леи. Контејнерите ги полните со соодветен кисел супстрат. За формирање на издигнати леи можат да послужат тули или камен (се разбира не варовник). Обично издигнатите леи се до 25 см височина. Подготвената леа се полни со мешавина од кои било кисели компоненти. Ризла, хумус од лисја, градинарски компост, кисело глинено земјиште или тресет погоден за тоа.
Хемиското закиселување исто така претставува добар начин на зачувување на соодветен pH. Може да се користи Sequersten, прашок кој се меша со вода и се врши залевање околу растенијата. На овој начин е едноставно да се внесат нутритиенти кои им се достапни на растенијата. На овој начин внесените елементи не можат да се врзат за калциумот во земјиштето. На јако киселите земјишта може да им се ублажи реакцијата со употреба на калциум, да се третира површината на земјата зиме и да се пушти дождот и мразот да го внесат за вас.
Зелјести растенија кои сакаат кисела реакција на земјиштето
Многу растенија ќе бидат среќни да растат на кисело земјиште возвраќајќи со изобилно цутење. Изберете растенија од родовите Lilium, Fritillaria, Astilbe, син мак, папрат.