За паметење

За слободно промислување

ЈАСНО И ГЛАСНО
за
ЗНАЈНО И НЕЗНАЈНО

1. Луѓе зломисленици и злодејци, умислени творци (особено од писателската фела) цели пет (5) децении маки мачат да ме маргинализираат, омаловажуваат, премолчуваат и збришат, да не бидам ни спомнуван како македонски мислител и книжевник. Успеале?

Тоа не е мој проблем!

2. За моето грандиозно и жанровски разновидно мислечко, книжевно, научно и аудио творештво (единствено на светот-во моментов над 150 дела!) до овој момент (75 мои години) немам добиено никаква книжевна награда или општествено признание.

Тоа не е мој проблем!

3. Не сум ни спомнуван, а камо ли застапуван во антологиски и други избори на современата македонска поезија.

Тоа не е мој проблем!

4. Ниедно мое дело не е преведено на некој странски јазик (освен неколку песни на англиски, романски и српски).

Тоа не е мој проблем!

5. Повеќе не дозволувам македонски издавач да објави-испечати (во хартиена форма) мое дело. (До 2015. се објавени 7 поетски дела.)

Прочитај и за ... >>  Мал есеј за независното судство како предуслов за демократска правна држава

Тоа не е мој проблем!

6. Продолжувам со создавање нови дела, со за мене вообичаена деноноќна динамика (која трае цели 5 децении)-истовремено и напоредно 10-15 дела.

Проблем?! Каков проблем?

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 119

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.