За чудесната моќ на кристалите и нивното одржување

За чудесната моќ на кристалите и нивното одржување

Минералите и кристалите со своите вибрации и бои имаат голема енергетска и лековита вредност.

Тие имаат живот и во себе носат информации од настанокот на светот, снимка на праисторијата на земјата.Во нив е насобрана голема енергија, чиста и моќна, директно од природата.

Изворна енергија

Се смета дека во нас секогаш постои изворна енергија која треба да ја поврземе со друг извор и на тој начин да ја почувствуваме. Кристалите се едни од изворите на вистинска вибрација. Со нив можеме да ги исполниме своите домови и деловните простории, а тие ќе ги придвижат енергијата, позитивните промени и без влијание на вашата волја. Со нив можете да се опуштате, да медитирате, да се масирате или едноставно да ги носите како накит.

Она што треба да го сторите: да се однесувате спрема нив со почит како спрема себе си, а за возврат ќе добиете враќање кон изворната вибрација која ќе ве доведе во согласност со природата, во согласност со самите себе си, а со тоа и до позивитни мисли, извонредно здравје, активен и исполнет живот.

Vидови на кристали и нивно дејство

Ахат

Ахат- извонреден заштитнички камен, посебно за децата. Смирува и ублажува, дава храброст, енергија, сила, растерува стравови и ја расте самодовербата. Го намалува чувството на љубомора и ги приземјува емоциите. Тој исто така ја зголемува креативноста и го стимулира интелектот. Познат е како камен кој носи среќа. Помага и кај проблеми со непцата и забите, го засилува видот, а штити и од штетни технички зрачења (компјутер, ТВ, мобилен телефон);

Аметист

Аметист- Долго го нарекувале камен на среденост и трезвеност. Во стариот Рим прав на аметист му додавале на вино за да се спречи пијанство. Помага во лечење на алкохолизам, насилно однесување и секој вид на зависност. Аметистот донесува енергија на стабилност, мир, рамнотежа, храброст и внатрешна сила. Се користи и како заштита од психички напади. На духовно ниво аметистот ја помага комуникацијата со ангелите, ја развива телепатијата и други психички способности. Тој е извонреден камен за медитација, молитва (во текот на историјата често го носеле бискупи и папи во прстен) и ни помага да го сознаеме својот пат. Поттикнува добар сон, ја олеснува болката на жалост и го развива чувството на среќа. Корисен ако имаме правни потешкотии и парични проблеми, зашто може да доведе до благосостојба и изобилтсво. Помага кај главоболки, несоница, артритис, поволно дејствува врз циркулацијата, хроничен умор, имунитет;

Аквамарин

Аквамарин- Познат како камен на храброста и одважноста. Поттикнува брзи интелектуални реакции. Дава мир, смирувачка комуникација и штити аура. Ги чува артериите, ја јакне самосвеста, во брак ги продлабочува љубовта и верноста;

Доломит

Доломит- Благ камен кој ги стимулира добротворните акции, великодушноста и давање на секој вид, како и примање. Силно го стимулира темелното размислување, спонтаноста, креативноста. Особено добар камен за олеснување на тагата, смирување на повредените, осамените и тегобните. Ги јакне коските, забите, мускулите и женскиот репродуктивен систем;

Прочитај и за ... >>  Микроклима и микрометеорологија - климата што живее со нас

Жад

Жад- Тој е камен на срцето, добро дејствува врз сите проблеми, ја привлекува и засилува љубовта од секој вид. Исто така е камен на верноста и великодушноста. Донесува емоционална рамнотежа и стабилност. Се користи кај градни, бубрежни проблеми, слабости на имунитетот, преголем умор на нервниот систем;

Јантар

Јантар- Ја зголемува среќата, донесува вера, мир и успех. Тој е мотивациски и отстранува пречки. Целото тело го враќа во рамнотежа. Корисен е за желудникот, слезината, бубрезите, црниот дроб, жолчниот меур, кожни пореметувања. Олеснува болки во зглобовите, помага во лечење на рани и ублажува болки при избивање на запчиња кај дечињата;

Јаспис

Јаспис- Камен на нежноста и опуштањето. Донесува тишина, утеха, целосност, излекување. Го викаат уште и голем негувател поради неговата заштитничка енергија. Јасписот доста се користел како асистент при астрални патувања. Во лечењето е користен за црниот дроб, жолчниот меур, го смирува желудникот, балансира јин/ јанг. Ги чисти и распрснува негативните енергии. Овозможува брз опоравување, добро дејствува врз внатрешните органи, нервите, кожните заболувања;

Опсидијан

Опсидијан- Има способност на изнесување на работите на површина. Тоа можат да бидат и позитивни и негативни, љубов, лутина, тајни, но со него сите работи изронуваат на површина многу понежно отколку поинаку. Штити од емоционални повреди;

Опал

Опал- Инспирира зголемување на фантазијата и креативноста. Помага за ослободување на сопирачките и ја зголемува меморијата. Мошне е духовен и овозможува увид во „невидливиот свет“. Донесува убави, среќни соништа. Го олеснува процесот на промените. Добар е за видот и Паркинсонова болест;

Рубин

Рубин- Донесува целосност, верност и среќа. Ја зголемува великодушноста и донесува благосостојба, романтична љубов. Заштитник е на домот, имотот, децата и психата. Камен со висока енергија и моќ, донесува исцелување на сите степени;

Сафир

Сафир- Тој е камен на креативно изразување, интуиција, медитација и сите тие нешта ги зголемува. Корисен е за ментална јаснотија и против депресија. Се користи за спуштање на грозница и температура, потешкотии со слух, рак;

Тиркиз

Тиркиз- Според Индијанците и источните традиции, тиркизот е свет камен. Поврзан е со небото, ја донесува небеската енергија на земјата. Поттикнува искреност и јасна комуникација од срцето. Штити од загаденост на околината и донесува исполнетост и изобилство. Познат е како главен исцелителен камен зашто го забрзува оздравувањето. Ги активира повлечените луѓе. Се користи за мускулно ткиво, регенерација, стрес, главоболки.

За одржувањето на кристалите

Повеќето кристали и полублагородни камења, во накит и слободна форма, со време ја собираат негативната или непосакуваната енергија. Тие се како сунѓери, впиваат и реагираат на енергијата од околината. Кристалите што се користат во кристалотерапијата за исцелување (што се ставаат на болни места на телото) треба да се исчистат и празнат од негативната енергија по секоја терапија. Кристалот кој ќе се купи, ќе се пронајде, ќе се наследи, мора задолжително најнапред да се исчисти еднаш од техниките на чистење, зашто не е доволно само на кратко да се измие во вода.

Прочитај и за ... >>  3 Март - Светски ден на дивиот свет

Некои вообичаени техники на празнења на кристалите, како и враќање на сјајот и вибрирачките енергии се сложени и траат подолго, а некои се изразито едноставни и брзи. Користете ја онаа која најмногу ви одговара и која е најдобра за вашите кристали.

Солена вода

Солена вода: ова е популарен начин на чистење на кристали, но ако воопшто го користете, бидете внимателни и не ги оставајте во вода подолго отколку што е потребно. Треба да бидете сигурни дека вашиот кристал не е шуплив или мек, така што солената вода да не го уништи. Солената вода може да влезе во структурата на некои кристали и на тој начин да се скршат.

Сонце или Месечина

Сонце или Месечина: зраците на Сонцето и Месечината се енергизирачки и силно прочистувачки, како и активатори на енергија. Ставањето на кристали на Сонце или на Месечина еднаш неделно мошне им користи. Но и овде има едно предупредување. На некои кристали им избледува бојата.

Закопување во земја

Закопување во земја: за кристалите е тоа мошне лековито и прочистувачки. Препорака е да се држат 3 дена закопани. Се разбира, ако ги закопуваме во двор би било добро на некој начин да се означи тоа место, зашто сигурно не сакате да прекопате половина двор за да ги најдете. За закопување може да послужи и тегла за цвеќе, учинокот е ист. Немојте да го ставите во тегла со болен цвет, зашто ќе ја собере неговата болна енергија.

Текушта вода

Текушта вода: брза техника на чистење и ставање на кристали на 10-тина минути под млаз на текушта млака вода. Не би требало да биде ниту престудена, ниту врела, зашто може да ги оштети кристалите. Оваа техника е добра речиси за сите кристали.

Чистење со друг кристал

Чистење со друг кристал: некои кристали можат да исчистат други кристали од негативна енергија. Кристалот што треба да го исчистиме го ставаме покрај кристалот „чистач“ и ги оставаме заедно на 24- 48 часа.

Цветна вода

Цветна вода: ги ставаме кристалите во вода со латици на ружа, портокалов цвет или јасмин на 24 часа. Важат истите мерки на внимание за кристалите кои не поднесуваат добро вода.

Молба, молитва

Молба, молитва: ова за повеќето луѓе е едноставна техника и одлично функционира. Тоа е еден ритуал во кој едноставно замолуваме Бог/ Божица/Вселена/ Највисока свест/ Универзална енергија (секој според сопственото убедување и избор) енергетски да го прочисти кристалот за нас. Или можеме да замолиме кристаслот да се прочисти сам.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.