Потребно време за читање: < 1 минута

3. Брановита песна

Бранови големи
и бранови мали,
бранови страсни
и бранови спокојни
пред мене
на јаве, па во сон.

Од далеку едни идат,
други дојдени со намисла
да ме покријат ли
или да ме однесат
во длабочини на тишини,
може сè до нивните извори.

Мојата гола снага
како да сака да полета,
да скокне во нив,
па луѓево околу мене,
кои внимателно следат
што ќе направам
во следниот миг,
се вознемирени
како брановите
да се дојдени и да идат
за нив.

Почнувам да им пеам
песна брановита,
а тие во неа слушаат
лелеци, восклици,
крици и шепоти.

Не ми веруваат
или не сакаат да поверуваат
дека ја исткајав за нив
од сончевина, мразнина
и самота
само за да се со мене
макар во едно деноноќие.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here