43. Нејзина за борба
Не за што било,
туку борба за живот
почнувам;
откако долго бев
немошна пред смртта
на ближен,
во подножје
на голема, стара
и стрмна планина.
Борба за живот
почнувам во мене,
за мене, од мене;
со човек кој стоел
исправен
пред мене во мрежа
пајакова
среде круг.
Таа не ми е прва
и последна
како песнава дамна
испеана;
почеток е во наш
нов круг на љубов.
Прво е моја борба
во која најпрвин
сама јас
морам себеси
неранливо конечно
да се победам.