11. Стамена песна
Песнава е стамена
и треба да ја пеат
стамено
само стамени луѓе,
на сет глас.
Ја испеав мигум
стоејќи стамено
пред време, совреме
и во време за живот.
Не ја слуша,
ниту ќе ја чуе
некогаш
од неа надвиен
дека не достојал
на свој збор
пеејќи ја.
Песнава стамена
ќе ме надживее
и во тишина
која никој никогаш
нема да ја согледа
како моја.