Врелина

Внатрешни содржини

Настапи врелина во недоглед,
како да нема да запре
да навлегува
во последен издив на останки
на природа во која е сè
во рамновесие.

Врелина освоила земја
исконска,
бесплодна, безводна,
без никаква трага по неа.

Ништо уште живо
на врелинава недогледна
како дамнешно или блиско
суштествување.

Последен издив огнен,
скрвавен.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 2

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.