Потребно време за читање: < 1 минута

Се создале водопади
неброени
меѓу запустена
и плодна земја
по водотек
на вода сина бистра
скрвавена сончева.

Од небо
од високи стени
од дрвја со корени
исконски
молкома екотно.

Водопади големи
водопади мали
водопади
бисерно паѓаат
меѓу зраци сончеви
меѓу зраци ѕвездени
меѓу месечеви.

Играат тајни игри
за смирение
на луѓе со луѓе
во луѓе меѓу луѓе.   

Кои согледале
дека се неминиовни
водотеците на води
сини бистри
скрвавени сончеви.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Раазурнат град на птици, поетска инсталација, 51