Излези од водава бистра и ладна
Одамна минаа крај неа и крај тебе
Следачите на твојата трага
Уште од пустошот што го остави
Зад себе како последен обид
Да бидеш еден и препознатлив.
Излези спокојно безгрижно
Па тргни кон изворот далеку
Што е најдалеку од тебе
Од сите уште животворни.
Можеби ќе стасаш
Пред да премалиш
Можеби.
Не грижи се за оние кои
Минаа одамна крај тебе
Следејќи ти ја трагата
Они се веќе далеку
Во осои на голи мртви планини
Па им е залудно да се обидат
Однов да тргаат по тебе.
И не грижи се дали ќе стигнеш
На изворот најдалеку
Од сите уште животворни.
Секогаш можеш пак
Во водава бистра и ладна
Еден и препознатлив.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 52
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.