Празнотија во празнотија
се нашла ненадејно
како да премалила
од потрага по извесности
сосе неизвесности.
Па легнала во неа
како нежива божем мртва
надевајќи се дека некогаш
можеби ќе излезе
некогаш ќе се најде надвор
од нејзините граници
и ќе стане нешто друго
без минато без сегашност.
А не да не е убава
а не да не е за љубов
непореклива страсна
бескрајна
туку напротив досега
не се нашла друга
што би можела да биде
иста како неа.
Празнотија во празнотија
две друшки кои никогаш
не биле далеку заедно.
КАМЕНО НЕБО, Стаменост, апстрактна поезија/игриви песни, 67