ВО НИЕДНО ДОБА, Стивнување, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

27. Првите зори

Првите зори сегашни мои
ги пречекувам во ведрина,
како да ми почнува
некоја нова вистина
за животен миг
сè уште недоживеан.

Тие не се како вчерашни
што ми биле не за будење,
ами за продолжување
на опстојба
помеѓу совреме одгатнати
извесности
и времени неизвесности.

А првите зори утрешни,
мои за наши,
секако ќе бидат заедно
со сегашни и вчерашни
пред изгреано сонце,
во ведрина која нема
да ја скрвават војски
по војна закрвени,
распалени, замолчени
до разнебитување.

Leave the first comment