ВО НИЕДНО ДОБА, Стивнување, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Мојов прегор

Може уште мојов прегор
за секој што сака со мене
да искачува уште врвови
досегливи,
еден до друг меѓу воздиви
на пладневни недоумици.

Може тој со на други
да достаса до хоризонт
замислив, а неодгатнат
за исправени
пред неугасливи светови
во кои ни љубови
не се препознаваат
како стојности
кои раѓаат живот.

Може мојов прегор
само ненадејно и тајно
да премали
пред мигум да исчезнам.

Мојов прегор на крајот
од секоја игра во песна
брановита
е на свој почеток.

Leave the first comment