37. Сè уште човек
Сè уште сум човек
пред огледало,
пред да излезам
од мојата дома
во урнатини
до самоти небо
и да се замешам
во луѓе.
Се разбира дека
како сè уште човек
сум задоволен;
особено ако
се има предвид
дека не ми се бројат
брчките на челото,
на лицето,
дека имам очевидни
дебели подочници,
а телото ми е
толку снеможено
што одвај стојам
на нозе.
Ќе се замешам
во луѓе
во ова ниедно доба;
како сè уште човек
за спокојна ноќ
и нова виделина.