19. Неповторливо
Едно дело од мене
неповторливо,
од неколку други и
од многу повторливи:
тишина
во мигновен збор
што зрачи.
Не се обидувајте
да го врамите
со што-годе од вас
создадено
за ваше препознавање.
Нема да успеете,
како што досега
не ми успеа мене.
Не успеавте докрај
да го воспримите
поради неговата
мигновеност?
Знам и жалам затоа,
но знам дека како јас
и вие се радувате
дека зрачи.