ВО НИЕДНО ДОБА, Бдение, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

15. Живо семе

Сè уште живо семе
будно со мене
во ова ниедно доба
чека да го ставам
в земја
за совреме да из`рти.

Во ниедно доба
да го ставам?!

Му велам да остане
живо до рани зори,
па мојата земја
на сонце
ќе го пречека
во својата утроба.

Тоа, пак, ме кори
дека заедно можеме
сал вкоренети
и оваа доба
да ја надминеме
крепки.

Leave the first comment