ВО НИЕДНО ДОБА, Бдение, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

12. Навраќање

Се навраќам не на минати
приклученија,
безначајни за мојот опстој,
туку на сегашни живеачки
во кои сме сè повеќе
немошни
за придвижување на светот
околу нас,
едновремено со светот
во нас.

Се навраќам на наши
сегашни живеачки
за да се препознаеме
како заедно почнуваме
макар само уште една
будност пред зори.

И без оглед што гледам
дека веќе сме немошни
да го заживеееме,
па да го соживееме светот
околу нас,
едновремено со светот
во нас за нас,
спокоен сум дека
сегашните живеачки
ни се колку лесни, ведри,
толку здрави, достојни;

дека оставаме траги
на наше постоење
кои на потомството
може ќе му помогнат
во откривањето
на своите корени
длабоки, вековити.

Leave the first comment