ВО НИЕДНО ДОБА, Бдение, сихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

9. На стреш

Во ова ниедно доба
сеедно ми е
дали ќе се разбуди
нов ден во мене
или ќе згасне
и последниот оган
на мојот несон.

Но сум на стреш
дали по мене
ќе дојде
и ќе ме пронајде
некој ближен
што не знае
дека сепак оставам
своја трага
за освојување
на нова земја
плодоносна;

која и без мене
на стреш ќе сведочи
дека ништо
не се раѓа безгласно
ни во молк без дно.

Leave the first comment