Внимание

Потребно време за читање: < 1 минута

Спрема сè, кон сè, пред сè, за сè и во сè човек мора со достатно внимание. Ни помало ни поголемо. Поради сè во животот, а најнапред поради личниот и колективниот-заедничкиот живот. Во името на квалитетот на животот.

Едно нужно разграничување: едно е да внимаваш, да си внимателен, а друго да си претпазлив. Да, претпазливоста меѓу другото ја содржи во себе и внимателноста, но таа пред сè е предизвикана од некаква опасност, закана, загрозеност. Едновремено значи и одбрана и самоодбрана.

Едно нужно знаење: вниманието и внимателноста почнуваат со првиот чекор во животот, а завршуваат со неговото гаснење. При секое, при секакво дејствување и создавање, дури и при невоздржана, целосна доверба во друг или во други, кон друг или кон други.

Вниманието е немерливо и безгранично. Неговата вредност најмногу се докажува во однесувањето и напредувањето.     

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 189