Верувајќи

Јанѕи од јава во јазол

Скрши гола коска на сонце
Од коски на нечија сенка
Во дамнина
Сал со едно движење
Како летање во празнина
Наедно
Со паѓање на тело
Погодено со стрела смртно.

Секако немаше да скрши
Коска
Ако не веруваше
Дека не е од коски
На нечија сенка.

Напротив внимателно
Ќе се движеше
Како да лета во празнина
Од една до друга точка
На свое постоење.

Па сега немаше да губи
Од своето време на спокој
Туку ќе се спремаше
Да биде спремен
Да продолжи да чекори
Стамено
Низ мали и големи
Премрежја
Што се множат пред него.

Секако немаше да скрши
Коска на сонце
Од коски на нечија сенка.   

Јанѕи од јава во јазол, Новота, стихозбирка, 54

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.