Утеха

Потребно време за читање: < 1 минута

Бараш утеха? Таа ти е неопходна зашто си во незавидна ситуација, во тешка и матна ситуација? Или треба за да надминеш некоја кризна состојба, мигови на празнотија, тежина на осаменост, болка поради некоја загуба, ненадминлива положба? Од кого ја очекуваш?

Очекуваш скоро да најдеш утеха? Се разбира, најнапред од близок, пријател, доверлив човек. Но, што ако не ја најдеш уште многу време, ако мораш без неа?

Наоѓаш утеха во нешто лично, што не го споделуваш со никој, што е можеби твоја најголема тајна? Убаво. Тоа значи дека се враќаш на стариот колосек од кој си исфрлен веќе подолго време. Најдената утеха ќе ти помогне повторно да бидеш што си, каков што се познаваш себеси.

Никако не долготрајна, ниту бескрајна утеха. Само додека веруваш во нејзината силина и нејзината благост.

Најсилни и најблаги се зборовите на утеха во љубов.        

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлескивни искази, 194