Учтивост-Љубезност

Тивки клокоти

Обично, учтивоста и љубезноста ги толкуваме како израз на лична култура. Но, во нивната суштина тие се егзистенцијални за односите меѓу луѓето во општество на слободни, рамноправни и докажани личности.

Од сè директно спротивставено на учтивоста односно љубезноста, најпрви се грубоста и борбата. И едната и другата најпрви во суров свет. До последна капка крв, до смрт. Всушност, во таков свет грубоста и борбата им се потсмеваат на учтивоста и љубезноста.

Уште прашањево:

Се успева ли во кариерата повеќе со љубезност и учтивост, одошто без нив?

Одговор за лично промислување:

Успехот во кариерата со нив е можен, дури се постигнува побрзо со нив, но тој успех е потешко достижен и надминлив без нивна злоупотреба.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 192

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.