ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 9

Потребно време за читање: < 1 минута

9. Срце

Никогаш немојте да си го изневерите срцето. Вардете го и негувајте го за тоа никогаш да не ве изневери. Бидете со него кога сака, кога се радува и кога тагува. Тоа не може без вас, исто како што вие не можете без него.

Не бидува без срце работата што ја работите.

Не дозволувајте што било до срце да ве доболи.

Многу е искажано и докажано за срцето, а секогаш може уште. Мудрости на народот и мисли на големи луѓе, За паметење, за траење.

Може и ова речено-недоречено:

Најздраво и најдолговечно срце е со одбрането спокојство и исполнето со неизмерна љубов.