ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 68

Тивки клокоти

68. Искуство-Опитност-Вештина

Искуството и вештината се многу важни и драгоцени? Како за кого!

За никого не се ниту едното, ниту другото, доколку не се сака да се исползуваат, да се вградат во знаењето, работната и творечката енергија. Доколку се оставаат настрана од случувањата, од состојбите и процесите, доколку се отфрлаат на буништето на минатото како непотребни, излишни.

Кому му требаат нечие лично искуство и вештина? Да не секому сечии?

Му требаат на оној што не сака постојано да почнува. Не затоа што секогаш почетокот е најтежок, туку оти со само почнување се негира самиот себе, самиот на себеси е потребен само сега и овде. А вчера не, а утре нема.

Му требаат на оној што знае колку знае и секогаш му фалат искуства и вештини, обете за едно, за друго.

Му требаат секому сечие искуство и вештина на оној што ја знае тежината на животот со години непрегор и непремолк.

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.