ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 65

Тивки клокоти

65. Гордост-Горделивост (Надуеност)-Суета

Гордоста е за создадено дело, со дело, за создавање дела и од дела. Горд човек дека успеал, постигнал, остварил, стасал на догледна цел. Блиска е, а не грешиме и ако ја изедначиме со достоинството. Гордост лична и колективна, своја и заедничка.

А околу нас толку многу горделиви (надуени) и суетни луѓе, што веќе не можеме ни  да ги догледаме достоинствените, умните, вредните-вистински големите. Дури сè потешко ги препознаваме оти се сè подалеку од нашата минливост.

Тешко нам со горделиви (надуени) и суетни луѓе, а без големи-поголеми од нас. Всушност, ни нема спас.

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.